Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Израелската армија ја презеде контролата врз стратешкиот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во последните 25 години.

Операцијата уследи по неколкудневни интензивни борби на планинскиот терен. Израелските сили ја преминаа реката Литани и се приближуваат на околу пет километри од градот Набатија. На утврдувањето Бофор е подигнато израелското знаме.

Реакција на Хезболах

Од Хезболах соопштија дека водат жестоки борби со израелските сили северно од реката Литани и дека извршиле повеќе напади со напредни дронови опремени со оптички влакна. Групацијата предупреди дека ќе продолжи со отпор и дека „окупацијата на либанска територија ќе ја плати скапо“.

Хезболах во изминатите недели значително го зголеми користењето на дронови, кои предизвикаа сериозни загуби кај израелските сили. Групацијата соопшти дека нејзините борци се подготвени за долга војна на исцрпување и дека ќе користат сите расположливи средства за да го спречат напредокот на израелската армија.

Биланс на конфликтот

Од почетокот на војната на 2 март:

  • Либан: над 3.350 загинати и повеќе од еден милион раселени.
  • Израел: најмалку 25 загинати војници и неколку цивили.

Израелската армија соопшти дека операцијата има за цел да ја уништи инфраструктурата на Хезболах и да ги елиминира директните закани кон северен Израел.

Најнови вести од: Свет

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

Кремљ ја укинува забраната за ликвидација на Зеленски и военото раководство?

Претставници на безбедносните служби побарале дозвола за физичка елиминација на највисокото воено и политичко раководство на Украина, пишува „Московски комсомолец“, руски весник близок до властите

To top