Свет

Јужна Кореја загрижена по одлуката на САД

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја изрази „загриженост и жалење“ поради притворањето на стотици работници, претежно Јужнокорејци

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја изрази „загриженост и жалење“ поради притворањето на стотици работници, претежно Јужнокорејци, во фабриката на Хјундаи во Џорџија, САД, за време на рација против нелегална имиграција. Американскиот претседател подоцна ги нарече приведените „нелегални странци“.

„Економските активности на нашите компании што инвестираат во САД и правата и интересите на нашите граѓани не треба да бидат неправедно прекршени“, изјави портпаролот на министерството на брифинг, додавајќи дека загриженоста била изразена преку Амбасадата на САД во Сеул.

Во четврток, американските имиграциски власти извршиле рација во фабриката за електрични возила на Хјундаи во Џорџија, при што биле приведени 475 лица. Според властите, операцијата била спроведена поради „нелегални практики на вработување и сериозни кривични дела против федералните закони“.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top