Свет

Каја Калас: САД сакаат да ја поделат Европа за да не стане нивен конкурент

Шефицата на европската дипломатија и поранешна естонска премиерка Каја Калас во интервју за „Фајненшл Тајмс“ објавено вчера изнесе остри обвинувања кон Соединетите Американски Држави, тврдејќи дека Вашингтон активно се труди да ја подели Европа за да спречи нејзино зајакнување како економски и геополитички конкурент.

Шефицата на европската дипломатија и поранешна естонска премиерка Каја Калас во интервју за „Фајненшл Тајмс“ објавено вчера изнесе остри обвинувања кон Соединетите Американски Држави, тврдејќи дека Вашингтон активно се труди да ја подели Европа за да спречи нејзино зајакнување како економски и геополитички конкурент.

„САД сакаат да ја поделат Европа“, рече Калас. „Тие сакаат да бидат сигурни дека Европа не е обединета, бидејќи обединета Европа е силна Европа, а силна Европа е конкурент на САД“.

Според неа, американската политика се фокусира на создавање раздор меѓу европските сојузници преку различни прашања – од трговските односи и тарифите, преку пристапот кон Кина, па сè до енергетската безбедност и одбранбената автономија. Калас посочи дека САД систематски се противат на европските напори за градење сопствени одбранбени капацитети, со цел Европа да остане долгорочно зависна од американскиот безбедносен чадор.

„Вашингтон не сака Европа да стане независна во одбраната“, нагласи таа, додавајќи дека таквата зависност им овозможува на САД поголемо влијание врз европските одлуки.

Изјавите на Калас доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу трансатлантските сојузници. Американската администрација во последните месеци повторно ја критикува Европа поради недоволните трошоци за одбрана, продолжувањето на трговските врски со Кина и, според Вашингтон, недоволната усогласеност со американските санкции и надворешна политика.

Од друга страна, многу европски лидери се чувствуваат под притисок од американските трговски мерки (вклучително и потенцијални тарифи врз европските автомобили и челик) и од барањата за поголема куповина на американски оружје и енергенси.

Ова не е првпат Калас да зборува остро за односите со САД.

Како поранешна премиерка на Естонија, таа секогаш била меѓу најгласните застапници на трансатлантската солидарност, но истовремено и на поголема европска автономија во одбраната и економијата.

Нејзините сегашни зборови се толкуваат како сигнал дека дури и најпроамерикански настроените европски политичари почнуваат отворено да ја критикуваат политиката на Вашингтон во време кога Европа се соочува со војна на својот исток, енергетска криза и растечка конкуренција од Кина.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

По Фејсбук падна и Инстаграм: Kорисниците не можат да пристапат до платформите

Социјалната мрежа Инстаграм во моментов има технички проблеми, откако претходно корисници ширум светот пријавија дека не можат да пристапат до Фејсбук. Кај дел од корисниците, при отворање на апликацијата се појавува пораката „Welcome to Instagram“, но не се прикажуваат содржините од профилите и почетната страница.

Нов прекин на Фејсбук: Корисниците добиваат порака дека профилот е привремено недостапен

Корисници на „Фејсбук“ од целиот свет во моментов немаат пристат до социјалната мрежа, а според информациите, на милиони профили им се прикажува порака дека акаунтот е „привремено недостапен“.

To top