Свет

Ле Пен: Ако Украина влезе во ЕУ, ние први ќе настрадаме

Француската десничарска претседателска кандидатка изјави дека француското земјоделство би претрпело штета доколку Украина стане членка на Европската унија

 

Според неа, Франција прва би ги почувствувала негативните последици од таквото проширување.

Ле Пен на социјалната мрежа „Икс“ (X) објасни дека за тоа постојат две клучни причини. „Не само што би се соочиле со жестока и нефер конкуренција, туку и делот од буџетот на Заедничката земјоделска политика наменет за француското земјоделство значително би се намалил“, наведе таа.

Изјавата доаѓа кратко откако комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, на 6 октомври претстави нацрт за нови пристапи кон проширувањето. Таа тогаш изјави дека за Украина би можеле да се применат земјоделски одредби што се разликуваат од оние што важат за другите земји-кандидати.

Украинската влада одговори дека не може да прифати модел за членство во ЕУ што вклучува трајни ограничувања за продажба на одредени прехранбени производи во рамките на блокот.

Заменик-премиерот за европски и евроатлантски интеграции, Всеволод Ченцов, изјави дека Украина како појдовна точка ја гледа целосната интеграција на својот земјоделски сектор во единствениот пазар на ЕУ. Преодните механизми, според него, мора да бидат оправдани, пропорционални и временски ограничени.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top