Свет

Ликвидиран познат украински политичар

Андриј Парубиј, украински политичар кој беше претседател на Врховната рада и одигра истакната улога во револуцијата на Евромајдан, денеска е убиен во Лавов

Андриј Парубиј, украински политичар кој беше претседател на Врховната рада и одигра истакната улога во револуцијата на Евромајдан, денеска е убиен во Лавов.

Националната полиција претходно соопшти дека еден политичар бил убиен по пукање во западниот украински град. Ирина Херашченко, пратеничка од партијата Европска солидарност, потоа за Киев Индепендент потврди дека жртвата бил Парубиј.

„Министерот за внатрешни работи Игор Клименко и главниот државен обвинител Руслан Кравченко штотуку ме известија за првите познати околности на страшното убиство во Лавов. Убиен е Андриј Парубиј“, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи и изрази сочувство.

„Сите потребни ресурси се вклучени во истрагата и потрагата по убиецот“, додаде Зеленски.

Властите примиле повик за итна интервенција околу пладне по пукањето во јужниот градски округ Франкивски во Лавов, соопшти полицијата. Жртвата починала на лице место.

Службените лица не дадоа коментари за можни осомничени или мотивот на злосторството.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top