Свет

Мадона го повикa Папата да ја посети Газа – додека не е предоцна

Најсвети отче. Ве молам одете во Газа и донесете ја вашата светлина на децата пред да биде предоцна. Како мајка, не можам да поднесам да го гледам нивното страдање, порача суперѕвездата

Мадона го повика папата да отпатува во Газа и „да им ја донесе својата светлина на децата пред да биде предоцна“пренес АФП.

Суперѕвездатa во ораќајње до папата Лав XIV, таа напиша:

„Најсвети отче. Ве молам одете во Газа и донесете ја вашата светлина на децата пред да биде предоцна. Како мајка, не можам да поднесам да го гледам нивното страдање.

„Децата на светот им припаѓаат на сите. Вие сте единствениот од нас на кого не може да му се одбие влез“, додаде таа. „Ни треба целосно да ги отвориме хуманитарните порти за да ги спасиме овие невини деца. Нема повеќе време. Ве молам кажете дека ќе одите. Со љубов, Мадона.“

Пејачката додаде дека не зазема страна во војната.

„Не покажувам со прст, не обвинувам ниту заземам страна. Сите страдаат. Вклучувајќи ги и мајките на заложниците“, напиша таа. „Се молам и тие да бидат ослободени.“ Само се обидувам да направам сѐ што можам за да ги спречам овие деца да умрат од глад.“

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top