Свет

Макрон: „Путин е чудовиште пред нашите врати“

Францускиот претседател, се чини, ја парафразираже римската „Hanibal ante portas“ за да заплаши дека рускиот претседател е „предатор“ кој е закана за Европа и бара распоредување на „сини шлемови“ во Украина

Францускиот претседател е меѓу ретките кои не ја поздрави вчерашната средба во Блата куќа на која, меѓу другото, беше договорено дека е неопходна средба Путин-Зеленски за постигнување конечно решение за Украина и за последователна трилатерална средба на рускиот и украинскиот претседател во аранжман и на која ќе присуствува и Доналд Трамп.

Владимир Путин е „предатор, чудовиште на нашиот праг“ кој „мора постојано да голта за да преживее“, рече Емануел Макрон, повикувајќи ги Европејците да „не бидат наивни“ во врска со Русија, која „трајно ќе биде дестабилизирачка сила“изјави рече францускиот претседател во интервју за LCI, пренесе Индекс.хр..

„Од 2007 до 2008 година (руската интервенција во Грузија), претседателот Путин ретко ги исполнуваше своите обврски. Тој постојано беше дестабилизирачка сила. И се обидуваше да ги доведе во прашање границите за да ја прошири својата моќ“

Според него, „Русија трајно стана дестабилизирачка сила и потенцијална закана за многумина од нас“.

„Земја која инвестира 40 проценти од својот буџет во опрема што мобилизирала армија од повеќе од 1,3 милиони луѓе нема веднаш да се врати во состојба на мир и отворен демократски систем“, предупреди тој.

„Значи, вклучително и за сопствениот опстанок, тој (Путин) треба да продолжи да голта. Ете го. Тој е предатор, огромно чудовиште пред нашиот праг. Не велам дека Франција ќе биде нападната утре, но сепак е закана за Европејците (…) Не смееме да бидеме наивни“, нагласи Макрон.

Во понеделник, американскиот претседател Доналд Трамп и неколку европски лидери се состанаа во Вашингтон, каде што беше најавена средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во друго интервју за американскиот телевизиски канал NBC News, Макрон не го криеше фактот дека не го дели оптимизмот на Трамп во врска со можноста за постигнување мировен договор.

„Кога ја гледам ситуацијата и фактите, не гледам дека претседателот Путин сега сака мир, но можеби сум премногу песимист“, рече тој.

Макрон им изјави на новинарите во Вашингтон дека европските сили треба да бидат вклучени во мировните операции во Украина по завршувањето на непријателствата.

„Ќе ни треба силна украинска армија и ќе треба да ѝ помогнеме на Украина на терен“, рече тој. „Ќе ни требаат мировни операции кои се подготвени да ѝ обезбедат на Украина сојузници“, рече Макрон, цитиран од Би-Би-Си.

Русија постојано ја отфрла идејата за распоредување западни трупи на украинска територија.

Според Макрон, средбата меѓу Путин и Зеленски треба да се одржи во Женева,

Медиумите известуваат дека Унгарија е можна локација

Најнови вести од: Свет

Епштајн сакал да ја купи „Титовата вила“ по пожарот во Њујорк, откриваат документи на САД

Според наводи од времето на Студената војна, на врвот на зградата постоела просторија што не можела да се прислушува, а прозорците кон Петтата авенија биле непробојни. Во моментот на продажбата, зградата немала централна климатизација, а гасот бил исклучен по пожарот.

Поранешен кинески министер осуден на доживотен затвор поради корупција – „лапнал“ 19,8 милиони долари

Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг осуден е на доживотен затвор поради корупција, јави Кинеската централна телевизија. Судот во Сјамен, во југоисточната провинција Фуџијан, го прогласи Танг за виновен за нелегално стекнување средства во вредност од повеќе од 137 милиони јуани (19,71 милиони долари) во периодот од 2006 до 2022 година и тргување со […]

Претседателката Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

Сиљановска-Давкова ќе учествува на глобалниот Форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува првпат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики

Трамп: Најновите документи за Епштајн ме ослободуваат од обвинувањата

Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата.

To top