Свет

Макрон запрен од полицијата во Њујорк, се јавува кај Трамп да му помогне(ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон доживеа неочекуван момент во Њујорк

Францускиот претседател Емануел Макрон доживеа неочекуван момент во Њујорк, откако го напуштил седиштето на Обединетите нации по своето обраќање на 80. Генерално собрание.

Додека се враќал кон француската амбасада, неговата колона беше запрена од полицијата на Њујорк (NYPD), која ги затвори улиците за да помине колоната на американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа ситуација, предизвикана од строгиот безбедносен протокол за повеќе светски лидери во градот, брзо стана вирална на социјалните мрежи.

 Се дознава дека Макрон го повикал Трамп откако полицијата го запрела, но американскиот претседател не му помогнал „Доналд, како си? Види што се случи. Чекам тука, на улица,“, се гледа како Макрон се јавува по телефон.

https://x.com/runews/status/1970415035974406271

Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат Макрон како разговара со полицијата и Трамп додека се обидува да вози до француската амбасада, и покрај тоа што улиците се отворени само за пешаци.

Најнови вести од: Свет

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот

По острите закани што ги упати вчера и денеска до Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран утре – денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Најнови вести

To top