Свет

МД „Илинден“-Тирана: 21 Мај да се прогласи за Ден на националните малцинства во Албанија

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, го актуализира барањето албанските власти, 21 мај да се прогласи за Ден на националните малцинства во оваа земја. „Националните малцинства во Република Албанија се национално богатство и со неговото прогласување за државен празник во Република Албанија, сметаме дека е чекор напред за да се обезбеди видливост за националните малцинства и да се […]

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, го актуализира барањето албанските власти, 21 мај да се прогласи за Ден на националните малцинства во оваа земја.

„Националните малцинства во Република Албанија се национално богатство и со неговото прогласување за државен празник во Република Албанија, сметаме дека е чекор напред за да се обезбеди видливост за националните малцинства и да се препознае нивната додадена вредност за нашите општества„, стои во барањето.

Друштвото уште во 2022 година испратило барање до тогашната претседателка на албанскиот законодавен дом, Линдита Никола, во кое стои дека 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа оценуваат дека тоа е најсоодветен датум.

Претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, за МИА изјави дека ова барање е содржано и во Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности, (ФУЕН), истата година, која е доставена до државните албански, како и меѓународните институции кои се поврзани со малцинствата.

„Очекуваме на повтореното барање да добиеме позитивен одговор“, вели Ѓурѓај.

Со Законот за заштита на малцинствата од 2017 година, во Албанија признато е македонското со уште 8 други национални малцинства.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

To top