Свет

Медведев: „Прозорецот на можности“ за дијалог со САД за Украина е отворен

„Стратегија за национална безбедност“ е сигнал дека САД се подготвени да разговараат за прашања поврзани со „безбедносната архитектура“, евентуално со оглед на европската безбедносна архитектура и улогата што ја игра НАТО во неа

 

 

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека „прозорецот на можности за дијалог“ со САД сега е „отворен“, оценува во анализа на Институтот за проучување на војната (ISW).

Актуелниот заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека ажурираната „Стратегија за национална безбедност“ е сигнал дека САД се подготвени да разговараат за прашања поврзани со „безбедносната архитектура“, евентуално со оглед на европската безбедносна архитектура и улогата што ја игра НАТО во неа.

Медведев рече дека Стратегијата за национална безбедност „неочекувано“ се совпаѓа со идеите на Русија за потребата од споделување на безбедноста и почитување на суверенитетот на државите.

Медведев смета дека „прозорецот на можности за дијалог“ сега е „отворен“.

Трамп разочаран од Зеленски

 

Најнови вести од: Свет

(Фото): Тешка несреќа во Унгарија, автобус излета од патот, 12 мртви

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и ги пронашле патниците низ прозорците на автобусот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

To top