Свет

Трамп разочаран од Зеленски

Не е сигурен дали украинскиот претседател ќе се согласи со новиот предлог на САД насочен кон прекин на руската агресија во Украина.

 

Претставници на Соединетите Американски Држави разговараа со рускиот претседател Владимир Путин и украинските претставници, вклучувајќи го и Зеленски, изјави претседателот Доналд Трамп кој изрази „разочараност“ од украинскиот претседател.

„Морам да кажам дека сум малку разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот, тоа беше пред неколку часа“, додаде тој.

Трамп истакна дека Москва „повеќе би сакала да ја преземе целата земја… но Русија, верувам, е согласна со тоа (планот)“, додавајќи, сепак, дека не е сигурен дали Зеленски ќе се согласи со предлогот за пркин на војната.

Во Флорида, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер, од четврток одржуваат неколкудневни разговори со украински претставници, вклучувајќи ги поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров и началникот на Генералштабот Андриј Хнатов. Тие во вторник одржаа петчасовен состанок со Путин во Москва.

На крајот од американско-украинските разговори во Флорида во саботата, Зеленски се придружи на разговорите по телефон, опишувајќи ги како конструктивни.

„Американските претставници ги знаат основните позиции на Украина“, рече Зеленски во своето обраќање во недела навечер. „Разговорот беше конструктивен, иако не лесен“, додаде тој.

Сè уште не е познато како се развил почетниот мировен план на САД од 28 точки во текот на изминатите три недели, со клучни нерешени прашања, вклучувајќи територијални прашања и безбедносни гаранции на САД.

Москва вели дека е отворена за разговори и ги обвинува Киев и Западот за блокирање на мирот, додека Украина и нејзините сојузници велат дека Русија одолговлекува и користи дипломатија за да ги консолидира своите воени придобивки.

Зеленски денес треба да се сретне со европските лидери во Лондон, вклучувајќи го германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, за да го разгледаат моменталниот статус на мировниот план.

Најнови вести од: Свет

По Фејсбук падна и Инстаграм: Kорисниците не можат да пристапат до платформите

Социјалната мрежа Инстаграм во моментов има технички проблеми, откако претходно корисници ширум светот пријавија дека не можат да пристапат до Фејсбук. Кај дел од корисниците, при отворање на апликацијата се појавува пораката „Welcome to Instagram“, но не се прикажуваат содржините од профилите и почетната страница.

Нов прекин на Фејсбук: Корисниците добиваат порака дека профилот е привремено недостапен

Корисници на „Фејсбук“ од целиот свет во моментов немаат пристат до социјалната мрежа, а според информациите, на милиони профили им се прикажува порака дека акаунтот е „привремено недостапен“.

To top