Свет

Мерц: Ако биде исклучен Израел, и Германија да се повлече од Евросонг

Неколку земји се заканија дека ќе се повлечат доколку на Израел не му биде забрането учество

Германскиот канцелар изјави дека Германија треба да се повлече од следниот Евровизиски натпревар во Виена доколку Израел биде исклучен.

На прашањето во интервју за јавниот радиодифузен сервис АРД дали Германија треба доброволно да се повлече од настанот, германскиот канцелар Фридиирих Мерц одговори:

„Би го поддржал тоа. Мислам дека е скандал што воопшто се дискутира за тоа. Израел припаѓа таму.“

Врз организаторите на „Евросонг“ се зголемува притисокот со недели, а неколку радиодифузери, вклучувајќи ги и оние од Шпанија, Ирска и Холандија, се заканија дека ќе се повлечат доколку на Израел не му биде забрането учество, наведувајќи ја воената акција на земјата во Појасот Газа.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) кон крајот на минатиот месец изјави дека ќе одржи онлајн состанок на сите свои членови во ноември за да гласаат дали да учествуваат на натпреварот во 2026 година.

Следниот Евровизиски натпревар треба да се одржи во Виена во мај 2026 година.

Големи јавни протести против учеството на Израел на Евровизискиот натпревар се одржаа оваа и минатата година.

Ако Израел учествува, повеќе земји најавија бојкот на Евровизија

Најнови вести од: Свет

Петмина загинати во пукање во градот Штаде, во северниот дел на Германија

Пет лица загинаа денес при пукање во германскиот град Штаде во Долна Саксонија, соопшти полицијата. – Полицијата потврди дека се приведени двајца осомничени сторители, меѓу кои и наводниот напаѓач

Ватикан ја критикува ЕУ дека ги мери војните со двоен аршин

Европската унија наметнува економски санкции на една земја и испраќа финансиска помош и оружје на друга, но не постапува на ист начин при други, уште потешки воени инвазии со уште посурови последици за цели народи

Трамп го претстави новиот „патриотски пасош“ со својот лик по повод 250-годишнината од независноста на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. „Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“, напиша Трамп на својата општествена мрежа „Општествена вистина“

To top