Свет

Мерц му подари на Трамп крштеница од дедо му – Германец (ВИДЕО)

За време на нивниоот прв официјален состанок во Овалната соба вчера, германскиот канцелар Фридрих Мерц му подари на американскиот претседател Доналд Трамп врамена копија од изводот од матичната книга на родените на неговиот дедо, Фридрих Трамп, кој е роден во Германија. Трамп, претходно го прашал зошто Мерц зборува германски кога може да зборува и англиски. […]

За време на нивниоот прв официјален состанок во Овалната соба вчера, германскиот канцелар Фридрих Мерц му подари на американскиот претседател Доналд Трамп врамена копија од изводот од матичната книга на родените на неговиот дедо, Фридрих Трамп, кој е роден во Германија.

Трамп, претходно го прашал зошто Мерц зборува германски кога може да зборува и англиски.

За возврат, Мерц му го потсетил Трамп на неговите германски корени – Мерц му го дал на Трамп изводот од матичната книга на родените на неговиот дедо Фредерик, кој е роден во германското село Калштат во 1869 година, студирал за фризер и емигрирал во САД на 16-годишна возраст.

Самиот Трамп секогаш ги нагласува шкотските корени на неговата мајка, но никогаш своите германски корени, забележува „Ди Велт“.

Подарокот, сместен во златна рамка, беше симболичен вовед во разговорите за клучни теми како што се одбранбената соработка, трговските односи и поддршката за Украина.

Мерц ги истакна заедничките корени на двете земји, нагласувајќи ја важноста на трансатлантските врски.

Трамп, од друга страна, го изрази своето задоволство од подарокот, истакнувајќи го своето германско наследство како основа за зајакнување на билатералните односи.

Најнови вести од: Свет

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top