Свет

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води „хибридна војна“ против Германија, нагласувајќи дека оваа стратегија вклучува информативни кампањи и други форми на притисок кои го загрозуваат европскиот политички поредок.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води „хибридна војна“ против Германија, нагласувајќи дека оваа стратегија вклучува информативни кампањи и други форми на притисок кои го загрозуваат европскиот политички поредок. Во интервјуто за германската телевизија ntv, Мерц објасни дека Путин не само што води воена агресија против Украина, туку таа е насочена и против Западна Европа, вклучително и Германија, со цел да се дестабилизира либералниот поредок и отворените општества.

Според Мерц, рускиот лидер сака да го „преврти наопаку“ европскиот систем, па затоа Берлин останува цврсто посветен на поддршката за Украина – не само од солидарност, туку и за да се заштити сопствените интереси. „Тоа е во наш интерес да го браниме нашиот политички поредок“, рече тој, додавајќи дека секој обид за дијалог со Путин обично завршува со ескалација на нападите врз Украина, како што се бомбардирањата на цивилни цели.

Канцеларот се осврна и на сè почестите инциденти со беспилотни летала во Германија и Европа, кои ги смета за дел од руската стратегија за заплашување и всаѓање страв. „Ја знаеме заканата. Нема да бидеме заплашени и ќе се одбраниме ефикасно“, порача Мерц, уверувајќи дека Германија е подготвена да одговори на овие хибридни закани без да попушти пред притисоците.

Мерц спомна и жестока дискусија со унгарскиот премиер Виктор Орбан на неодамнешниот состанок на ЕУ во Копенхаген, каде Орбан ги обвинил европските партнери дека не сакаат преговори со Русија. Канцеларот му одговорил потсетувајќи го Орбан на неговата посета на Киев во јули 2024-та, како претседател на Советот на ЕУ, и на последователната средба со Путин во Москва – по што следело бомбардирање на детска болница во Украина. Оваа размена ја истакнува поделбата во ЕУ околу руската агресија, но Мерц останува цврст во ставот дека единството е клучно за одбрана.

Најнови вести од: Свет

Трговски гест од Кина: Пекинг привремено го отвора извозот на ретки метали за Вашингтон

Кина денеска соопшти дека привремено ја суспендира забраната за одобрување на извозот на галиум, германиум, антимон и супертврди материјали во САД – ретки и стратешки метали што се клучни за производството на полупроводници, електроника и високотехнолошки апликации, што се толкува како нов сигнал за олеснување на трговските тензии меѓу двете суперсили.

Филипини се подготвуваат за супертајфун, евакуирани се речиси еден милион луѓе(ВИДЕО)

Речиси еден милион Филипинци се евакуирани пред приближувањето на супертајфунот Фунг-вонг, кој веќе предизвикува силни ветрови и поплави во источните делови на земјата, според податоци од филипинските власти пренесени од Би-би-си.

To top