Свет

Мерц: Нема веќе германски „таурус“ ракети за Украина 

Во опозиција се залагаше за едно, сега германскиот канцелар го смени мислењето

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека повеќе не е потребно да се испраќаат ракети со долг дострел „Таурус“ за да се помогне на Украина против руската инвазија – решение за кое долго време се дискутираше во Берлин, објави Франс Прес.

Киев долго време се обидуваше да ги набави ракетите, но Берлин одбиваше отворено да се вклучи, плашејќи се дека тоа ќе ги зголеми тензиите со нуклеарно вооружената Русија.

Додека беше во опозиција, Мерц вети дека ќе ги испрати ракетите, но се предомисли откако дојде на власт во мај минатата година.

Одговарајќи на прашања од членовите на Бундестагот, Мерц рече дека неговите првични изјави биле дадени во „различен контекст“, во време кога претпоставувал дека Бундесверот има доволно залихи од оперативни крстосувачки ракети „Таурус“ за да може да ја снабдува Украина.

Тој додаде дека напредокот на Киев во развојот на сопствено оружје ја прави дебатата за ракетите „Таурус“ непотребна.

„Украина денес во својот арсенал има оружје со долг дострел што го произведе самата – делумно со наша помош – и кое е значително поефикасно од релативно малиот број крстосувачки ракети „Таурус“ што можеме да ѝ ги испорачаме“, рече германскиот канцелар.

Тој укажа на потребата од „мобилизирање средства за Украина“ за да може да продолжи производството на ова оружје.

Откако САД под претседателот Доналд Трамп ја повлекоа поголемиот дел од својата поддршка за Украина минатата година, Германија стана главен снабдувач на Киев и значително ја зголеми својата воена помош за земјата.

Берлин вети 11,5 милијарди евра помош до 2026 година, главно за противвоздушни системи „Ирис-Т“ и батерии „Патриот“.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top