Свет

Милановиќ: Хрватска да прекине трговија со оружје за Израел

Неделава Словенија, како прва европска земја, забрани на извоз и транзит на воено оружје и опрема од или преку Словенија во Израел

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја запре трговијата со оружје и воена опрема со Израел, соопшти Канцеларијата на претседателот, додавајќи дека Милановиќ наредил прекин на воената соработка со таа земја уште во мај.

„Бидејќи купувањето и продажбата на оружје и воена опрема е одговорност на хрватската влада, претседателот на Републиката ја повикува хрватската влада да дејствува рамноправно и да ја запре трговијата со оружје и воена опрема со сегашната влада на Државата Израел“, изјави портпаролот Никола Јелиќ.

Оваа недела, Словенија, како прва европска земја што одлучи за таква мерка, донесе одлука за забрана на извоз и транзит на воено оружје и опрема од или преку Словенија во Израел, или увоз од Израел во Словенија.

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top