Свет

Монсунски дождови зедоа 248 животи во Индонезија (ВИДЕО)

Деструктивната моќ на природата беше дополнително засилена од земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го потресе истото подрачје во четвртокот

Најмалку 248 лица загинаа, а повеќе од 100 се’ уште се водат како исчезнати по катастрофалните поплави и лизгање на земјиштето што го погодија индонезискиот остров Суматра.

Деструктивната моќ на природата, предизвикана од монсунските дождови, беше дополнително засилена од земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го потресе истото подрачје во четврток, објави Скај њуз.

Спасувачките екипи се борат да стигнат до оддалечените области кои се целосно отсечени од надворешниот свет поради уништени патишта и прекинати комуникациски врски.

Властите стравуваат дека бројот на жртви ќе продолжи да расте. Драматични снимки од теренот покажуваат како спасувачите газат низ кал до половината, додека стотици полицајци, војници и локални жители копаат низ урнатините со голи раце и лопати. Нивните напори се дополнително отежнати од обилните дождови што продолжуваат да паѓаат.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top