Македонија

Свлечишта, одрони, поплави од обилните врнежи низ Македонија

Интензивниот дожд предизвика штети и проблеми во сообраќајот во повеќе делови од земјата, информира ЦУК

Интензивните врнежи од дожд предизвикаа штети и проблеми во одвивањето на сообраќајот низ целата држава.

„Според пријавите и интервенциите до 21:00 часот на 07.01.2026 година:

Гостивар – Стража: одрони на патот, сообраќајот се одвива редовно.
Тетово – Бањиче: одрони покрај коловозот кои отежнуваат сообраќајот.
С. Балин Дол: излевање на Вардар; поплавени 10 земјоделски парцели и неколку дворови; намалено производство на ХЕЦ Маврово.
С. Мало Турчане и с. Горно Бањице: излевање на Лакавичка и Сушичка река; поплавено земјоделско земјиште; општината нема соодветна механизација.
С. Форино: паднато дрво во коритото на Вардар, ризик од поплава; екипа со моторна пила на терен.
Тетово–Бањиче (Цртаниот ѕид): свлечишта и одрони; патот расчистен со багер и обележан.

Битола и околина:
С. Лера: поплава кај мостот, можно проширување кон селото.
С. Породин: поплава на живинарска фарма.
Општина Ресен (с. Перово, с. Дремени, Долна Бела Црква): поплавени дворови и земјоделски земјишта; реките не се излеани.
С. Сирхан: одрон отстранет.

Охрид и Кичево:
Охрид: поплавени подруми, гаражи и дворови; ЈП и локалната самоуправа интервенирале.
Кичево: поплавени стамбени објекти на ул. Прилепска; евакуирани 60 лица во спортската сала Христо Узунов.
Охрид – Пештани (кај хотел Гранит): одрон на патот; патот прооден, расчистување на поголеми нанос се очекува во наредни 1–2 часа.
Струга (Татеши – Мислодежда, Дебар – Струга): расчистување свлечишта и одрони.

Боговиње:
Поплави на обработливо земјоделско земјиште поради затекнат канал од изградба на автопат; нема загрозени куќи.

Сите надлежни служби се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи. Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат официјалните упатства“, соопшти Центаерот за управување со кризи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top