Свет

Москва со порака до Вашингтон: Ослободете го легално избраниот претседател на Венецуела

Русија денеска ги повика САД да го ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, соопшти руското Министерство за надворешни работи,

freepik.com

Русија денеска остро реагираше на заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Цилија Флорес, повикувајќи ги Соединетите Американски Држави да ги ослободат.

Во официјално соопштение на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација се наведува:

– Во услови на потврдените извештаи дека претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга се наоѓаат во САД, силно ги повикуваме американските власти да ја разгледаат ситуацијата и да го ослободат легално избраниот претседател на една суверена држава и неговата сопруга.

Од спротивната страна, Украина ја поддржа американската воена операција во Венецуела. Министерот за надворешни работи Андриј Сибиха истакна дека Киев доследно се залага за правото на народите на слободен живот без диктатура, угнетување и кршење на човековите права.

– Режимот на Мадуро ги прекрши сите овие принципи во секој поглед – изјави Сибиха.

– Се залагаме за понатамошен развој во согласност со принципите на меѓународното право, давајќи им приоритет на демократијата, човековите права и интересите на Венецуелците – додаде Сибиха.

Овие спротивставени ставови ги одразуваат длабоките геополитички поделби околу настаните во Венецуела, каде што американските сили го заробија Мадуро по операција во Каракас, а САД најавија привремена контрола врз земјата до транзиција на власта.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top