Свет

Напаѓачот признал: Цел му биле американски функционери

Мотивот за нападот засега не е официјално утврден, а истрагата продолжува.

Мажот осомничен за пукањето на новинарската вечера во Вашингтон пред полицијата признал дека неговата цел биле американски функционери присутни на настанот, објави Си-Би-Ес.

Според американските власти, 31-годишниот Кол Томас Ален од предградие на Лос Анџелес ќе се појави пред суд во понеделник, каде ќе се соочи со сериозни кривични обвиненија.

Окружната обвинителка Џенин Пиро соопшти дека против Ален се поднесени две обвиненија:

  • употреба на огнено оружје при насилно кривично дело,
  • напад на федерален агент со опасно оружје.

Ален е идентификуван како предавач и програмер на видеоигри во Јужна Калифорнија. Тој дипломирал машинство на престижниот Технолошкиот институт во Калифорнија (Калтех) во 2017 година, а минатата година стекнал магистерска диплома по компјутерски науки. Како студент, бил забележан во медиумите поради развој на прототип на сопирачка за инвалидска количка.

Според податоците на Федералната изборна комисија, во октомври 2024 година донирал 25 долари за претседателската кампања на Камала Харис.

Полицијата на Вашингтон соопшти дека осомничениот бил гостин во хотелот каде што се одржувала вечерата, што дополнително отвора прашања за можни безбедносни пропусти на еден од најобезбедуваните настани во земјата.

Мотивот за нападот засега не е официјално утврден, а истрагата продолжува.

Познат е напаѓачот на Трамп, демократ од Калифорнија

Најнови вести од: Свет

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот. Зборувајќи за економските проблеми и растот на трошоците за живот, Трамп […]

Во Франција нов голем протест закажан за 6-ти октомври

Франција влегува во нова недела на тензии откако протестите на средношколците, поддржани и од дел од студентите, се проширија низ земјата. По неуспешните разговори со владата, ученичките и студентските организации повикаа на нов национален протест во вторник, 6-ти октомври, а кон нив се приклучуваат и синдикатите во образованието. Младите протестираат против недостигот од наставници, лошите […]

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

To top