Свет

„Нема да трпиме кршење на блокадата“: САД до Индија за убиените морнари кај Ормус

Државниот секретар Рубио на индискиот колега му порачал дека сите бродови мора да ги слушаат наредбите од силите на САД

Американскиот државен секретар Марко Рубио му порача на својот индиски колега Субрахманјам Џаишанкар дека сите трговски бродови во Ормускиот Теснец мора веднаш да ги почитуваат наредбите од американските сили, објави синоќа американскиот Стејт департмент.

Во соопштението по телефонскиот разговор меѓу двајцата функционери се вели дека Рубио нагласил оти „сите комерцијални бродови треба веднаш да се придржуваат до наредбите на американските сили“ во стратешки важниот морски премин.

Тој подвлече, се додава во соопштението, дека „кршењето на американската блокада“ на иранските пристаништа и „нелегалниот транспорт на иранска нафта нема да бидат толерирани“.

Разговорот следеше по американскиот напад врз танкер за нафта во Ормускиот Теснец, во кој загинаа тројца индиски морнари, што предизвика остра реакција од Њу Делхи.

Индискиот министер за надворешни работи Џаишанкар изјави дека во разговорот со Рубио „го повторил силниот протест на Индија“ поради инцидентот, наведувајќи дека „ваквите смртоносни дејствија против цивилниот бродски сообраќај не се оправдани“.

Индија претходно официјално поднесе протест до Вашингтон и побара објаснување во врска со нападот во кој беа убиени тројца нејзини граѓани.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top