Свет

Нетанјаху: Газа ќе биде демилитаризирана, на полесен или на потежок начин

Израелскиот премиер изрази увереност дека сите заложници од Газа ќе бидат вратени во „наредните денови“

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа во јавно обраќање изјави дека Хамас ќе биде разоружан, а Појасот Газа демилитаризиран.

Неговиот говор доаѓа откако израелската армија потврди дека е ослободен дел од заложниците што ги држеше групата во Газа.

Нетанјаху нагласи дека ослободувањето било под влијание на комбинација од дипломатски и воен притисок.

„Во втората фаза, Хамас ќе биде разоружан, а Газа ќе биде демилитаризирана – без разлика дали тоа ќе биде лесно или тешко – но тоа ќе се постигне“, рече Нетанјаху.

Премиерот изрази увереност дека сите заложници од Газа ќе бидат вратени во „наредните денови“.

Во својот говор, тој му се заблагодари и на американскиот претседател Трамп, кого го нарече „драг пријател“, за неговата воена поддршка за Израел.

Нетанјаху се обрати на јавноста на хебрејски јазик, а неговиот говор беше емитуван од израелските и меѓународните медиуми.

Пораките за разоружување на Хамас и целосна демилитаризација на Газа претставуваат продолжение на стратегијата на Израел по месеци конфликт во регионот.

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top