Свет

Нетанјаху: Ликвидирање на Хамнеи ќе го заврши конфликтот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека таргетирањето на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, ќе ја заврши, а не ќе ја ескалира, тековната војна меѓу Израел и Иран што избувна кон крајот на минатата недела. Запрашан во интерву за ABC News и други медиуми за ставот на претседателот Доналд Трамп кој го отфрлил израелскиот план […]

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека таргетирањето на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, ќе ја заврши, а не ќе ја ескалира, тековната војна меѓу Израел и Иран што избувна кон крајот на минатата недела.

Запрашан во интерву за ABC News и други медиуми за ставот на претседателот Доналд Трамп кој го отфрлил израелскиот план за атентат врз врховниот лидер на Иран, загрижен дека тоа ќе го ескалира конфликтот, Нетанјаху рече:

„Тоа нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши конфликтот“.

„Имаме половина век конфликт што го шири овој режим кој ги тероризира сите на Блискиот Исток; ги бомбардираше нафтените полиња Арамко во Саудиска Арабија; шири тероризам, субверзија и саботажа насекаде“, рече Нетанјаху.

„Вечната војна“ е она што го сака Иран, а тие нè доведуваат до работ на нуклеарна војна. Всушност, она што го прави Израел е спречување на ова, ставање крај на оваа агресија, а ние можеме да го сториме тоа само ако се спротивставиме на силите на злото“ рече израелснкиот премиер.

Нетанјаху рече дека Израел „прави она што треба да го направи“…

Најнови вести од: Свет

Белата куќа ќе избегне да бара одобрение од Конгресот за нови напади врз Иран

Претходно „Тајм“ објави дека демократите би можеле да го тужат американскиот претседател Доналд Трамп ако тој продолжи со воената акција против Иран по 1 мај без да добие одобрение од Конгресот

Хамнеи воинствено кон Трамп: Единственото место за Американците е на дното на Персискиот Залив!

Врховниот лидер на Иран Мочтаба Хамнеи изјави дека „единственото место за Американците во Персискиот Залив е на дното на неговите води“. Изјавата била прочитана на иранската државна телевизија и е пренесена од меѓународни медиуми.

Најнови вести

To top