Свет

Нобелова награда за тројца американски физичари

Нови можности за развој на следната генерација квантна технологија, вклучувајќи квантна криптографија, квантни компјутери и квантни сензори

Американските научници Џон Кларк, Мишел Деворе и Џон Мартинис ја освоија Нобеловата награда за физика за 2025 година за „експерименти што ја открија квантната физика во акција“, соопшти денеска Комитетот што ја доделува наградата, јави Ројтерс.

„Овогодинешната Нобелова награда за физика обезбеди можности за развој на следната генерација квантна технологија, вклучувајќи квантна криптографија, квантни компјутери и квантни сензори“, се вели во соопштението на телото што ја доделува наградата.

„Прекрасно е што можеме да го откриеме начинот на кој квантната механика нуди нови изненадувања. Ова е исто така исклучително корисно, бидејќи квантната механика е основа на сите дигитални технологии“, вели Оле Ериксон, претседател на Нобеловиот комитет за физика.

Најнови вести од: Свет

Володимир Зеленски ја обвини Европа дека чека насоки од Доналд Трамп

Украинскиот претседател вели дека Европа е во „режим на Гренланд“ и треба да знае како да се одбрани, наместо да чека САД да дејствуваат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа говор на Светски економски форум во Давос, во кој остро ги критикуваше европските лидери поради, како што рече, неодлучност, одолговлекување и потпирање на САД во клучни безбедносни прашања.

Бриселски медиуми: Трамп ги спаси европските лидери од донесување тешки одлуки, инаку никогаш немаше да се договорат!

Американскиот претседател Доналд Трамп им ја олесни работата на европските лидери на денешниот неформален Самит во Брисел, на кој веројатно никогаш немаше да постигнат договор за жесток одговор кон Вашингтон по заканите за воведување царини и за преземање на Гренланд, оценуваат медиумите во Брисел.

Кај Солун се снимал додека возел со 304 км/ч на пат со ограничување од 90 км/ч! (Видео)

Покрај тоа што возел пребрзо, возачот самиот го снимал маневрирањето, што значи дека го вози возилото само со една рака, што предивикува дополнителна опасност. Снимката направена на пат кај Солун заврши на ТикТок. Како што се очекуваше, видеото се рашири молневито, привлекувајќи го вниманието на полицијата, која брзо го пронајде прекршителот и на крајот го фати.

Пронајден починат македонски државјанин кој исчезна во Брисел пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во Брисел му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција

To top