Свет

ЕУ подготвува пакет за пониски цени на горивата

Потребна координација за да се избегне земјите-членки да почнат да ги полнат складиштата за гас во исто време, што би се натпреварувало едни со други и со тоа би ги зголемило цените на гасот, како и да се ослободат резервите на нафта за да се постигне најдобар можен ефект и да се обезбеди дека итни мерки од страна на земјите-членки нема да го нарушат единствениот пазар.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека веќе следната недела ќе биде претставен нов пакет мерки со цел да се ублажи растот на цените на енергијата во Европската Унија, кои значително се зголемија поради конфликтот на Блискиот Исток.

Според неа, последиците од кризата веќе сериозно се чувствуваат. „Во изминатите 44 дена, трошоците за увоз на фосилни горива пораснаа за повеќе од 22 милијарди евра“, изјави фон дер Лајен по состанокот на Комисијата посветен на економските ефекти од актуелната ситуација.

Координација наместо натпревар меѓу државите

Еден од клучните столбови на новиот предлог ќе биде засилена координација меѓу земјите-членки. Како што истакна таа, неопходно е да се избегне сценарио во кое државите истовремено ги полнат резервите на гас, што би довело до дополнителен раст на цените. Воедно, ќе се разгледува и користењето на нафтените резерви на начин што ќе обезбеди максимален ефект, без да се наруши функционирањето на заедничкиот европски пазар.

Фокус на ранливите категории

Вториот сегмент од мерките се однесува на заштита на најпогодените – домаќинствата и економските сектори што се најранливи на ценовните шокови. Фон дер Лајен нагласи дека поддршката мора да биде строго насочена, временски ограничена и брзо спроведена, наместо да се применуваат општи мерки кои не ги таргетираат оние на кои им е најпотребна.

Пофлексибилни правила за државна помош

Европската комисија најави и измени во правилата за државна помош, со цел земјите-членки да добијат поголем маневарски простор за поддршка на најпогодените сектори. Консултациите со државите започнуваат веднаш, а целта е новата привремена рамка да биде усвоена уште во текот на месецот.

Долгорочни решенија и енергетска независност

Покрај итните чекори, Брисел подготвува и поширок пакет структурни реформи кои треба да донесат стабилизација на цените и поголема енергетска независност на Унијата. Меѓу опциите се мерки за намалување на потрошувачката, со акцент на енергетска ефикасност – како реновирање на згради и модернизација на индустриски капацитети. Комисијата ќе интервенира и во сите сегменти што ја формираат цената на електричната енергија – од производството, преку мрежните трошоци, до даноците и тргувањето со емисии.

  • „Поголемата електрификација значи и поголема независност на Европа“, порача фон дер Лајен, најавувајќи дека ова ќе биде клучен правец во идните политики на Унијата.

Дополнително, се подготвува и стратегија за електрификација на економијата, која ќе опфати транспорт, греење и индустрија.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

To top