Свет

Објавени илјадници документи за атентатот врз Мартин Лутер Кинг

Семејството на лидерот за граѓански права никогаш не поверува во вината на наводниот атентатор Џејмс Ерл Реј

 

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објавува повеќе од 230.000 страници класифицирани архиви за атентатот врз Мартин Лутер Кинг во 1968 година, објавија светските агенции.

На 23 јануари, претседателот на САД издаде наредба со која се декласифицирани владините архиви за атентатот врз претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година, како и за атентатите врз неговиот брат Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг во 1968 година.

Објавените 230.000 страници сега ја вклучуваат истрагата на ФБИ, меѓународната потрага по наводниот убиец на Мартин Лутер Кинг, како и сведочењето на еден од неговите соучесници, соопштидиректорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард.

Мартин Лутер Кинг, со години бил предмет на „кампања за дезинформации и надзор“ организирана од тогашниот директор на ФБИ, влијателниот Џ. Едгар Хувер, со цел „да се дискредитира неговиот углед и, генерално, движењето за граѓански права“, се присетија децата на активистот.

Наследниците на Мартин Лутер Кинг не веруваат во вината на Џејмс Ерл Реј, бел сегрегационист, осуден за ова убиство, извршено на 4 април 1968 година во Мемфис, каде што Мартин Лутер Кинг пристигнал за да ги поддржи собирачите на ѓубре што штрајкуваат.

Осудениот убиец Џејмс Ерл Реј почина во 1998 година на 70-годишна возраст во затвор во Нешвил, Тенеси.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top