Свет

Отпорот на властите на Калифорнија и Орегон залуден, пристигна националната гарда(ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп распореди околу 200 припадници на Националната гарда на Калифорнија во Портланд, Орегон, со задача да ја поддржат имиграциската и царинската служба во заштита на федералниот имот и спроведување на федералниот закон

Американскиот претседател Доналд Трамп распореди околу 200 припадници на Националната гарда на Калифорнија во Портланд, Орегон, со задача да ја поддржат имиграциската и царинската служба во заштита на федералниот имот и спроведување на федералниот закон. Потегот уследи и покрај тужбата поднесена од двете држави за блокирање на оваа одлука.

Минатата сабота, федерален судија привремено ја блокираше одлуката на Трамп да распореди 200 војници од Националната гарда на Орегон во Портланд. Судијката Карин Имергут, инаку назначена токму од Трамп, заклучи дека не постојат доволно докази дека протестите на терен го оправдуваат таквиот потег.

– Претседателот не може да ги игнорира фактите на терен – изјави Карин Имергут.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, остро реагираше, истакнувајќи дека Калифорнија се приклучила на тужбата на Орегон. Тој го обвини Трамп за напад врз владеењето на правото и најави дека неговата администрација ќе се бори против федералната интервенција. Според Њусом, 300 војници се предвидени за распоредување, од кои 200 веќе се на пат.

Покрај Портланд, гувернерот на Илиноис, Џ.Б. Прицкер, предупреди дека Трамп се подготвува да испрати уште 300 војници и во Чикаго – и тоа без согласност од државната власт. Ова е дел од поширок тренд на федерална интервенција во американски градови во вториот мандат на Трамп.

Администрацијата на Трамп поднесе жалба на одлуката на судијката Имергут, тврдејќи дека претседателот има историско право да ја ангажира Национална гарда. Сепак, правните експерти предупредуваат дека федералните интервенции мора да бидат темелно оправдани и правно одржливи.

Националната гарда традиционално е под контрола на гувернерите, освен во исклучителни случаи.

Државата Орегон тврди дека Трамп го прекршува ова начело, користејќи федерални сили за да ги потисне протестите поврзани со неговите имиграциски политики.

Овој случај ги интензивира долгогодишните тензии меѓу Белата куќа и прогресивните држави како Калифорнија и Орегон. Правната битка околу распоредувањето на војската може да стане еден од клучните уставни предизвици за време на вториот мандат на Трамп – со потенцијални импликации за иднината на федерализмот во САД.

 

Најнови вести од: Свет

Во Кина пробиена планина долга 22 километри и се изгради најдолгиот автопатски тунел!

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во Азија, долг 22,13 километри, кој минува низ планините во покраината Гуиџоу. Тунелот „Тјаншан Шенгли“, со модерно осветлување и бетонска конструкција, веќе се смета за едно од најзначајните инженерски остварувања во регионот.

„Политико“: Пука обединетиот европски фронт против Трамп – се разоткриваат старите линии на внатрешниот расцеп во ЕУ

„Лидерите на ЕУ се подготвуваат за големи борби околу прашања, кои се движат од заеднички одбранбени проекти до економски реформи, но обидот за олабавување на зависноста на Европа од Америка на Доналд Трамп открива длабоки поделби меѓу 27-те земји на блокот. Обновената желба да се намали зависноста од Вашингтон ги исфрла на површина познатите несогласувања пред самитот на лидерите на ЕУ во четврток.“ – објави денес аналитичкиот портал за европски прашања „Политико“ од Брисел во анализата со наслов „Настојувањето на Европа да оди сама ги разоткрива старите линии на нејзиниот внатрешен расцеп и на грешките“.

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Десет лица се убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, вчера, на 10 февруари, во оружен напад во средно училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада. Во училиштето има 160 ученици од 7 до 12 одделение на возраст од 12-18 години. ‘Полицијата спречила оваа ужасна трагедија да стане уште полоша.’.  објавија властите. Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.

Хрватска: Калуѓерката лажела дека била напднта со нож од мигрант

Обвинителството бара казна од 10 месеци затвор за калуѓерката Т.З. (35), условна казна од три години, откако е обвинета за лажно пријавување кривично дело, бидејќи поднела кривична пријава против непознат напаѓач иако самата нанела повреди со нож

To top