Свет

Зеленски: „Ние не сме идиоти“

Неколку западни медиуми објавија дека Вашингтон ги условува безбедносните гаранции со предавањето на источноукраинскиот регион Донбас на Русија, а ова го потврди и украинскиот претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли сугестиите дека безбедносните гаранции на САД би биле условени со откажување на Украина од Донбас.

Неколку западни медиуми објавија дека Вашингтон ги условува безбедносните гаранции со предавањето на источноукраинскиот регион Донбас на Русија, а ова го потврди и самиот Зеленски.

„Тие велат дека гаранциите ќе дојдат дури по завршувањето на војната – а војната ќе заврши кога ќе се повлечеме од Донбас. Ние не сме идиоти. Знаеме што значи тоа“, рече Зеленски во интервју за германскиот ZDF.

Тој додаде дека некои американски претставници, вклучувајќи ги Џаред Кушнер и Стив Виткоф, веруваат дека Русија ја добива војната, но нагласи дека таквата проценка е погрешна. Тој исто така нагласи дека Украина продолжува да води конструктивен дијалог со Вашингтон.

Зборувајќи за можните чекори кон смирување на конфликтот, Зеленски посочи дека Украина би можела да престане да ги таргетира руската енергетска инфраструктура ако Русија престане да напаѓа украински енергетски цели.

Тој, исто така, повтори дека Русија мора да плати за штетата предизвикана за време на војната, доброволно или преку економски механизми.

Најнови вести од: Свет

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

Европа мора да постави трговска политика со Кина, предупредување од директорот на Институтот за германска економија

Ваквата ситуација се однесува и на трговските ограничувања, критично прашање за извозно ориентираната германска економија. Хитер оцени дека Европа мора да ја води својата трговска политика со поголема самодоверба.

To top