Свет

Пиротехника на проба за парада предизвика паника кај коњите во Рим (ВИДЕО)

Според првичните информации, пиротехничките средства ги активирал сообраќаен полицаец без претходно одобрение.

Голем инцидент ја нарушил пробата за традиционалната парада по повод Денот на Републиката во Италија, откако неовластено активирање на пиротехнички средства предизвикало паника кај церемонијалните коњи.

Инцидентот се случил во петокот околу 23:30 часот во близина на античките Каракалини бањи, каде што се одржувала пробата за парадата на 2 јуни. Силните детонации ги исплашиле коњите, од кои околу 35 избегале и се разбегаа низ прометните улици на Рим.

Во настанатата паника, неколку јавачи паднале од седлата. Најтешко повреден е 22-годишен војник, кој се здобил со скршени ребра и прободено белодробно крило. Неговиот живот не е во опасност. Повредени се и околу 15 коњи, но ниту едно животно не било во толку тешка состојба што би наложило евтаназија.

Последниот коњ бил пронајден дури во раните утрински часови, на околу 14 километри од местото на настанот.

Командантот на римската полиција, Марио Де Склавис, изјави дека инцидентот сериозно го нарушува угледот на полицискиот корпус и најави строга истрага. Според првичните информации, пиротехничките средства ги активирал сообраќаен полицаец без претходно одобрение.

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top