Свет

По Фејсбук падна и Инстаграм: Kорисниците не можат да пристапат до платформите

Социјалната мрежа Инстаграм во моментов има технички проблеми, откако претходно корисници ширум светот пријавија дека не можат да пристапат до Фејсбук. Кај дел од корисниците, при отворање на апликацијата се појавува пораката „Welcome to Instagram“, но не се прикажуваат содржините од профилите и почетната страница.

Социјалната мрежа Инстаграм престана да работи откако корисници претходно пријавија проблеми со Фејсбук. На почетната страница на апликацијата Инстаграм, кај дел од корисниците се појавува порака „Welcome to Instagram“, додека остатокот од содржината на профилите и почетната страница не се прикажува.

Проблемите следуваат откако од утрово не функционира ниту Фејсбук. Пријавите за прекин на работата на платформата започнале нешто по 9 часот.

Корисниците на Фејсбук добиваат известување дека нивниот профил моментално е недостапен поради проблем со страницата и дека се очекува тој наскоро да биде решен.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top