Свет

Полска дозволи стационирање на војници на НАТО на нејзина територија

Pретседателот го одобрил распоредувањето на трупи како дел од операцијата „Источна стража“ на Алијансата

Полскиот претседател Карол Навроцки потпиша декрет со кој се дозволува вооружените сили на земјите-членки на НАТО да бидат стационирани на полска територија.

Полското биро за национална безбедност објави дека претседателот го одобрил распоредувањето на трупи како дел од операцијата „Источна стража“ на НАТО, која има за цел да ја зајакне одбраната на источниот крило на Европа.

Северноатлантската алијанса ја започна операцијата „Источна стража“ на 12 септември како одговор на нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на околу 20 руски беспилотни летала на 10 септември.

Полска веќе е домаќин на воен персонал и опрема од други земји-членки на НАТО на нејзина територија, вклучувајќи околу 10.000 американски војници, холандски авиони Ф-35 и германски батерии „Патриот“.

Најнови вести од: Свет

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top