Свет

Поради штрајкот на кабинскиот персонал на „Вестџет“ откажани над 300 летови

Околу 4.400 членови на кабинскиот персонал го најавија штрајкот на својата Фејсбук страница. Тие се во спор со компанијата за плаќањето на нивните извршените обврски додека се на земја

Кабинскиот персонал во втората по големина канадска авиокомпанија, „Вестџет“ (WestJet) денеска стапија во штрајк, поради што се откажани повеќе од 300 летови.

Околу 4.400 членови на кабинскиот персонал го најавија штрајкот на својата Фејсбук страница. Тие се во спор со компанијата за плаќањето на нивните извршените обврски додека се на земја.

Синдикатот тврди дека тој дел од работата на кабинскиот персонал не е платена, додека „Вестџет“ тврди оти тие се исплатени, повикувајќи се на систем на „кредитен час“ наместо саатница.

– Го претставивме предлог што ќе постави нов стандард за кабинскиот персонал во Канада, со што „Вестџет“ ќе стане единствената авиокомпанија што нуди саатница што го покрива целото време пред и по летот, со зголемување на платата за повеќе од 10 проценти во првата година и исполнување на другите приоритети што ги зацрта синдикатот“, изјави извршниот директор на компанијата, Алексис фон Хенсбрук, додавајќи дека „за жал, тој предлог не бил прифатен“.

Претседателката на синдикалниот огранок, што ги претставува кабинските персонал, Алија Хусеин наведе дека преговарачите „до последен момент се обидувале да постигнат фер договор што ја признава вредноста на работата на кабинските персоналот“.

Според неа понудата на ВестЏет „не била доволна“.

Двете страни изјавија дека се подготвени да продолжат со преговорите за да постигнат договор.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top