Свет

Потпишувањето на договорот со Меркосур одложен за 2026 година

Потпишување на Договорот за слободна трговија меѓу Европската Унија и земјите од Меркосур, планирана за 20 декември 2025 година во Бразил, е одложена за јануари 2026 година.

epa12200057 European Commission President Ursula von der Leyen attends a press conference during the EU leaders' Summit in Brussels, Belgium, 26 June 2025. EPA/OLIVIER HOSLET

Потпишување на Договорот за слободна трговија меѓу Европската Унија и земјите од Меркосур, планирана за 20 декември 2025 година во Бразил, е одложена за јануари 2026 година.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 18 декември лично ги информирала европските лидери на Самитот во Брисел за оваа одлука, која е донесена во договор со бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, актуелен претседавач со Меркосур.

Одлагањето доаѓа по барање на италијанската премиерка Џорџа Мелони, која инсистирала на дополнително време за да ги убеди италијанските земјоделци дека нема да бидат погодени од увозот на евтино живинско и говедско месо од Јужна Америка. Франција, предводена од претседателот Емануел Макрон, исто така се залагаше за одложување и дополнителни заштитни мерки.

Европските земјоделци стравуваат од слободен увоз на земјоделски производи, особено живинско и говедско месо, од земјите на Меркосур (Аргентина, Бразил, Парагвај, Уругвај и Боливија) по значително пониски цени, што би го дестабилизирало европскиот пазар. На 18 декември илјадници земјоделци протестираа во Брисел со трактори, блокирајќи патишта и фрлајќи јајца и компири кон полицијата.

За да ги смири овие стравувања, ЕУ во средата усвои дополнителни измени на Договорот, со кои се овозможува повторно воведување царини на живинско и говедско месо од Латинска Америка доколку увозот ги наруши европските пазари.

Земјите членки што го поддржуваат договорот, предводени од Германија и Шпанија, бараат цврсти гаранции дека потпишувањето ќе се одржи во јануари без дополнителни одлагања. Тие се загрижени дека понатамошно пролонгирање би можело да го блокира договорот во Европскиот парламент или да го комплицира процесот по преземањето на претседавањето со Меркосур од Парагвај на крајот на 2025 година, чиј претседател Сантијаго Пења е скептичен кон спогодбата.

Најнови вести од: Свет

Рос: Разликите и внатрешниот расцеп се опасност Европа и ЕУ да бидат парализирани во донесувањето одлуки во клучни моменти!

„На европскиот индустриски собир на врвот Антверпен минатата седмица присуствуваа  стотици европски индустријалци и врвни владини претставници. На овој самит, одржан под покровителство на белгискиот премиер Барт де Вевер, повторно се пројави неколкугодишниот расцеп во ЕУ. Мислењата се поделени по централното прашање: што подразбира, всушност, европскиот стратегиски суверенитет и како може да се постигне? Разидувањата во погледите и околу тактиките на дејствување се опасност да се предизвика поделба во Европа и Европската унија, која ќе го парализира европското донесување одлуки во клучен момент.“ – предупредува Грегоар Рос, директор за програмите за Европа, Русија и Евроазија во „Чатам хаус“ – Меѓународниот институт за меѓународни односи  од Лондон, светски влијателна невладина истражувачка организација. Грегоар Рос е и геополитички аналитичар, експерт за европска политика и независен истражувач во Школата за меѓународна и јавна политика на Универзитетот Колумбија во САД.

To top