Свет

Претседателот на САД, Доналд Трамп го продолжи примирјето со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД ќе го продолжат примирјето со Иран, но исто така ќе ја продолжат блокадата на иранските пристаништа. Одлуката за одложување на нападот е донесена на барање на пакистанските власти, во исчекување на единствен предлог од иранското раководство за траен крај на конфликтот.

16 April 2026, US, Washington: US President Donald Trump speaks to the media before boarding Marine One from the South Lawn of the White House, for the start of a trip to Las Vegas and Phoenix. Photo: Andrew Leyden/ZUMA Press Wire/dpa

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе го продолжи примирјето со Иран сè додека Техеран не поднесе предлог за траен крај на конфликтот.

  • „Врз основа на фактот дека иранската влада е сериозно поделена, што не е неочекувано, и на барање на фелдмаршалот Асим Мунир и премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, од нас е побарано да го одложиме нападот врз Иран, сè додека нивните лидери и претставници не излезат со унифициран предлог“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.

Тој додаде дека ѝ наредил на американската војска „да ја продолжи блокадата и во сите други аспекти да остане подготвена и способна“.

Двонеделното примирјето требаше да истече во следните неколку часа.

  • „Ќе биде продолжено сè додека не се достави нивниот предлог и сè додека не се завршат преговорите, на еден или друг начин“, додаде Трамп.

Ова е голем пресврт во споредба со неговите претходни изјави денес. Тој претходно денес изјави дека не сака да го продолжи прекинот на огнот и смета дека продолжувањето на бомбардирањето е подобра опција. И покрај најавите дека американска и иранска делегација ќе допатуваат во Исламабад на втор круг преговори, тие не пристигнаа во Пакистан.

Си-ен-ен повикувајќи се на неименувани извори објави дека засега е одложено патувањето на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за Исламабад. Изворите тврдат дека Венс пристигнал во Белата куќа на состанок за следните чекори на американската администрација, на кој присуствуваат и државниот секретар и министерот за одбрана, Марко Рубио и Питер Хегсет.

Претходно, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмил Багаи за државната телевизија ИРИБ изјави дека сè уште не е донесена конечна одлука дали Иран ќе учествува на мировните преговори со САД.

  • „Причината е јасна, ова не е прашање на неодлучност. Се соочуваме со контродикторни пораки, недоследно однесување и неприфатливи потези од страна на САД“, наведе Багаи.

Тој потенцира дека дипломатскиот процес мора да биде ориентиран кон резултати и кога Иран ќе процени дека условите се исполнети ќе ја донесе потребната одлука. И двете страни тврдат дека се подготвени за продолжување на војната.

Најнови вести од: Свет

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

Златото блеска: Цената расте, инвеститорите бараат сигурност

Цената на златото продолжува да расте и се движи кон најсилната недела од почетокот на годината, бидејќи инвеститорите повторно го гледаат благородниот метал како сигурно засолниште во услови на глобална економска неизвесност.

Трамп бара да нема веќе „државјанство по раѓање“ во САД

Меѓу 20.000-25.000 мајки практикуваат „туризам за породување“ во САД секоја година. гарантиран од 14-тиот амандман на Уставот усвоен во 1868 година и општо прифатеното толкување на неговиот текс којт гарантира државјанство на речиси секој роден во САД

Топлото време урива рекорди во Европа

Бруталната топлина и континуираните услови на суша се преоптоварени од климатската криза, а експертите предупредуваат дека тие вршат огромен притисок врз локалното население, критичната инфраструктура и дивиот свет низ целиот регион.

To top