Свет

Примирјето во Газа почна со шест убиени

Израелската војска соопшти дека осомничените Палестинци ја преминале границата за почетно израелско повлекување

Израелската војска соопшти дека отворила оган денеска за да отстрани закана од осомничени лица кои им се приближиле на нејзините сили во северниот дел на Појасот Газа.

Здравствените власти во енклавата соопштија дека најмалку шест Палестинци биле убиени од израелски оган, јави Ројтерс.

Војската соопшти дека осомничените ја преминале границата за почетно израелско повлекување според планот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД, што претставува кршење на договорот..

Во понеделникот, Хамас ги ослободи последните живи израелски заложници од Газа, а Израел испрати дома автобуси полни со палестински притвореници според договорот за прекин на огнот, додека американскиот претседател Доналд Трамп прогласи крај на двегодишната војна што го потресе поширокиот Блиски Исток.

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

To top