За првпат во историјата француската морнарица пресретна таканаречена „нарко-подморница“ во Атлантикот. Морнарицата објави и снимки од операцијата.
Според соопштението на француското Министерство за вооружени сили, објавено на 15 ноември, француска фрегата го пресретнала пловилото кое не истакнувало знаме.
Во акцијата учествувале хеликоптер од фрегатата и американски поморски патролен авион под команда на Заедничката меѓуагенциска оперативна група – Југ. Пресретнувањето било извршено согласно меѓународното поморско право.
Додека тимот се приближувал, тројца од четворицата луѓе внатре скокнале во морето.
Француските морнари се качиле на пловилото и го извлекле четвртиот, кој во меѓувреме веќе го активирал системот за потонување. Полуподморницата потонала за помалку од три минути.
Сите четворица осомничени биле извлечени од водата. Потоа биле собрани остатоци и четири пакети со вкупно 146 килограми кокаин. Останатиот товар, тежок неколку тони, потонал заедно со пловилото.
Министерката Катрин Вотрен ги пофали екипажите за нивниот професионализам и одлучност за време на операцијата на отворено море.
🚨🇫🇷🇺🇸FRANCE AND U.S. SEIZE NARCO-SUB IN ATLANTIC!
First-ever interception of a semi-submersible by the French Navy (with U.S. air support).
The vessel was carrying several TONS of cocaine.
At least 146kg was recovered after the crew desperately tried to sink it.
Writer: Bri https://t.co/8gdB4eaoWa
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 16, 2026