Свет

Досега 40 загинати во новогодишната прослава во скијачкиот центар Кран-Монтана

Иако швајцарската полиција официјално потврди „неколку десетици загинати“, италијанското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на локалните власти, излезе со бројка од најмалку 40 жртви

Најмалку 40 луѓе загинале, а околу 100 се повредени во силна експлозија и пожар во барот „Ле Констелашн“ во елитниот скијачки центар Кран-Монтана,јавуваат агенции..

Експлозијата одекнала околу 01:30 часот по локално време, додека објектот бил полн со гости кои ја славеле Новата година.

Иако швајцарската полиција официјално потврди „неколку десетици загинати“, италијанското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на локалните власти, излезе со бројка од најмалку 40 жртви. Состојбата е страотна – многу од телата се толку тешко изгорени што идентификацијата е оневозможена во овој момент.

Мобилизирани се сите расположиви ресурси – десет хеликоптери, 40 амбулантни возила и 150 спасувачи се бореа со огнената стихија и евакуацијата на настраданите.

Повеќето повредени имаат сериозни изгореници и веќе се префрлаат во универзитетските болници низ цела Швајцарија .

На помош пристигна и италијански хеликоптер на Цивилната заштита. Причината за експлозијата во барот „Ле Констелашн“ засега останува непозната.

Досега 40 загинати во новогодишната прослава во скијачкиот центар Кран-Монтана

Најнови вести од: Свет

Трамп бара одговор што не доаѓа: Зошто Иран се уште не падна на колена?

Вечерва, кога рокот ќе истече, светот конечно ќе дознае што се случува кога на тоа прашање сѐ уште нема одговор – и дали таа тишина ќе донесе примирје, ново одлагање, привидна победа или, пак, најжестокиот удар досега.

Втора сесија Стратешки дијалог САД-Македонија во Вашингтон

Со одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог се потврдува континуитетот на сојузништвото меѓу двете земји и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко

To top