Македонија

Мицкоски: Опозицијата преку студентските протести се обидува да ја дестабилизира Македонија

Владата ги информирала сојузниците во НАТО и во ЕУ за обид за дестабилизација од страна на опозицијата за време на вчерашниот протест во Скопје, соопшти премиерот

 

„Вчера видовме голем број на опозициски и активисти и високи функционери кои беа на протестот, давајќи му и политичка конотација. Ние за тоа ги информиравме нашите сојузници и во НАТО и во Европската Унија за обид на опозицијата на одреден начин да направи дестабилизација и мислам дека тоа не наиде на одобрување од високи преставници на меѓународната заедница“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој  оцени дека присуството на голем број опозициски активисти и високи функционери на вчерашниот „студентски протест“ дале политичка конотација на вчерашниот протест.

Заа брањата на студентите за полагање на правосудниот испит и на албански јазик, Мицкоски вели дека барањата се едно, а Уставот и меѓународните стандарди се нешто сосема друго.

„Факт е дека Законот за употреба на јазиците е предизвикан пред Уставниот суд токму во оној дел на правосудството и владеењето на правото. Факт е дека имаме негативно мислење од Венецијанската комисија во однос на двојазичноста во правосудството бидејќи прво, немаме доволно ресурси за тоа да го имплементираме, а второ, не се гарантира владеењето на правото. Затоа тие силно препорачуваат да се вратиме на законот за јазици од 2008 или 2009 година“.

Тој посочи дека е формирана комисија составена од уставни експерти кои треба да најдат решение во однос на ова прашање кое истовремено ќе биде уставно и согласно меѓународните стандарди.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top