Свет

Родители продале бебе за да си купат автомобил

47-годишниот маж осомничен за купување на детето е приведен, а бебето е пронајдено од властите

Двајца млади луѓе 21-годишен маж и неговата 17-годишна партнерка од округот Горџ Романија, се осомничени дека го продале своето 3-неделно бебе за 7.000 евра.

Со парите купиле автомобил, јавува Informer.Ro

Жената лажно изјавила дека мажот што го купил бебето е татко на детето, а со добиените пари, двајцата родители купиле автомобил.

Истрагата е насочена кон кривични дела како што се трговија со луѓе и лажни изјави.

47-годишниот маж осомничен за купување на детето е приведен, а бебето е пронајдено од властите.

По младите родители кои се во бегство е распишан налог за нивно апсење.

Најнови вести од: Свет

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

To top