Свет

РСЕ: Косово ќе прими 50 депортирани лица од САД

Педесет лица од трети земји, во рамките на соработката со Соединетите Држави, ќе прими привремената влада на Албин Курти во Косово. „Лицата засегнати од оваа одлука, за време на нивниот престој во Република Косово, ќе постапуваат во согласност со важечкото законодавство и ќе ги уживаат правата утврдени со важечките закони“, објави привремената извршна власт по […]

Педесет лица од трети земји, во рамките на соработката со Соединетите Држави, ќе прими привремената влада на Албин Курти во Косово.

„Лицата засегнати од оваа одлука, за време на нивниот престој во Република Косово, ќе постапуваат во согласност со важечкото законодавство и ќе ги уживаат правата утврдени со важечките закони“, објави привремената извршна власт по електронската седница одржана на 11 јуни, пренесува Радио слободна Европа

Привремениот премиер на Косово, Албин Курти на мрежата X напиша дека по донесувањето на оваа одлука косовските власти ќе работат „во тесна соработка со надлежните американски власти во текот на целиот процес“.

Портпарол на американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа изјави дека САД се „благодарни на нашиот партнер, Косово, за прифаќањето на државјани од трети земји кои ќе бидат депортирани од САД“.

„Ја поздравуваме соработката по овој клучен приоритет на администрацијата на Трамп“, рече портпаролот.

Стејт департментот на 6 јуни за РСЕ потврди дека земјите од Балканот се вклучени во контакти како дел од пошироката стратегија на САД за депортирање на странски државјани без регулиран статус.

Портпаролот не одговори на конкретни прашања за тоа зошто е избрано Косово, кои критериуми се користеле за избор на мигрантите или дали Косово ќе добие поддршка или стимулации во замена за учество во овој договор.

Според привремените косовски власти „во период од една година, до 50 лица можат привремено да бидат преместени, со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната земја на потекло. Владата изрази подготвеност да се ангажира, со можност за избор на лица од предложениот список, под услов да ги исполнуваат одредени критериуми поврзани со владеењето на правото и јавниот ред“, изјави за Радио Слободна Европа, Перпарим Криезиу, портпарол на привремената влада на Косово.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

To top