Свет

Русија: Ново оружје од Трамп – сигнал Киев да се откаже од мировни напори

САД ветија повеќе ракети и оружје за Украина и се заканија со санкции кон Русија

Москва го обвини Вашингтон дека со одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги зголеми испораките на оружје за Украина, испратил сигнал до Киев да се откаже од мировниот процес.

Трамп во понеделник објави дека ѝ дава на Русија 50 дена да прифати прекин на огнот во Украина, во спротивно ќе воведе „100% царини“ и дополнителни санкции, вклучително и против земјите што купуваат руска нафта. САД, исто така, ветија повеќе ракети и оружје за Украина.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва нема да прифати нова „уцена“ со санкции и закани од САД, пренесе Ројтерс.

„Очигледно е дека режимот во Киев ги доживува ваквите одлуки на колективниот Запад како сигнал за продолжување на масакрот и напуштање на мировниот процес“, рече Захарова на брифинг во Москва.

Според неа, јазикот на ултиматумите и заканите е „неприфатлив“, а Русија ќе преземе сите потребни мерки за да ги заштити своите национални интереси.

Трамп се заканува: Нови санкции за Русија ако не се договори мир во Украина

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

To top