Свет

Русите „генерално задоволни“ од состанокот со Украинците

Москва е генерално задоволна од резултатите од состанокот со Украина и контактите ќе продолжат, изјавил шефот на руската делегација Владимир Медински по завршувањето на денешниот состанок во Истанбул, јави Анадолија. – Русија и Украина се согласија да презентираат детални предлози за прекин на огнот – додал Медински. Според агенцијата, Русија и Украина на состанокот договориле […]

Москва е генерално задоволна од резултатите од состанокот со Украина и контактите ќе продолжат, изјавил шефот на руската делегација Владимир Медински по завршувањето на денешниот состанок во Истанбул, јави Анадолија. – Русија и Украина се согласија да презентираат детални предлози за прекин на огнот – додал Медински. Според агенцијата, Русија и Украина на состанокот договориле размена на по илјада воени заробеници, што е најголема размена од почетокот на војната, изјавил украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров. – Разговаравме за прашањето за прекин на огнот. И за прашањето за размена на затвореници. Резултатот е размена на 1.000 лица за 1.000. Тоа е резултатот од нашата средба – изјавил Умеров, пренесува Би-Би-Си. Тој додал дека датумот на размена е утврден, но нема да биде објавен јавно. Умеров исто така рекол дека е разговарано за потенцијална средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин и оти наскоро ќе биде објавено соопштение за можна нова рунда разговори. Разговарани се и „сите модалитети“ за прекин на огнот, додал Умеров.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top