Токму тоа го прави ВРЕДИ во рамките на Владата, чекор по чекор“, наведуваат од коалицијата- партија Вреди
Велат дека овој ангажман неодамна беше признаен и од премиерот на Албанија, Еди Рама.
Рама: Немам впечаток дека Мицкоски има резерви кон албанскиот јазик
„Тој им се заблагодари на албанските политички партии во Владата за нивните напори за унапредување на албанскиот јазик – почнувајќи од процедурите за лиценцирање, па сè до дискусиите за употребата на албанскиот јазик во правосудството (конкретно во однос на правосудниот испит).
Рама, исто така, го пофали одмерениот и одговорен став што овие партии го зазедоа во однос на јазичното прашање.“
„По долг период на дебати и измислени аларми, јасно е дека имаме претставување и дека сме постигнали напредок; сега предизвикот е тој напредок дополнително да се развие.
Судирите меѓу политичките партии не претставуваат алармантна ситуација за Албанците – спротивно на она што ДУИ се обидува да го прикаже од ден на ден.“
„Косово, под водство на премиерот Албин Курти, ја поддржува соработката со оваа Влада, а сега и премиерот Рама има само пофални зборови. Кога двајцата албански премиери ја поддржуваат и продлабочуваат меѓуалбанската соработка, за ДУИ се затвораат сите можности за пласирање на лажниот наратив дека на Албанците нешто им се одзема“, велат од коалицијата ВРЕДИ
Оттаму посочуваат дека испитите на албански јазик, Коридорот 8, Универзитетот „Мајка Тереза“, патот Тетово–Призрен, патот Скопје–Блаце и иницијативата „One Stop Shop“ (заеднички гранични премини) се само дел од големите проекти на оваа Влада – проекти со кои се гордеат и Албанија и Косово.
„ДУИ мора да му одговори на народот за тоа како го злоупотреби ова прашање за политички цели.
ВРЕДИ ќе продолжи одговорно да работи на заштита на правата на Албанците и на унапредување на албанскиот јазик“, порачуваат.