Свет

САД и Иран се согласија да ги запрат нападите

Примирјето беше потпишано само пред 11 дена но брзо се најде на „несигурна почва“ по обновените напади на двете страни и заканата на претседателот Трамп да ја продолжи војната и да ја „заврши работата“

 

САД и Иран се согласија да ги прекинат нивните меѓусебни напади пренесува Аксиос, повикувајќи се на свои извори.

Двете земји планираат да се сретнат во вторник во главниот град на Катар за да го решат нивниот спор околу Ормускиот Теснец.

Примирјето беше потпишано само пред 11 дена но брзо се најде на „несигурна почва“ по обновените напади на двете страни и заканата на претседателот Трамп да ја продолжи војната и да ја „заврши работата“.

Обновените борби беа поттикнати од спротивставените толкувања на меморандумот за разбирање (МоУ) за ставање крај на војната – особено нејзините услови за Ормускиот Теснец.

„Одлучивме да ги прекинеме сите активности“, изјави висок американски функционер за Аксиос, користејќи го воениот термин за напади.

Друг американски функционер рече дека двете страни ќе се повлечат „засега“ и дека „бродовите можат слободно да се движат“ додека продолжуваат техничките разговори.

Трет извор, исто така, ја потврди средбата планирана за утре.

Според Меморандумот за разбирање, Иран е посветен да вложи максимални напори за да овозможи безбедно поминување на трговските бродови низ теснецот.

За возврат, САД ја укинаа блокадата на иранските пристаништа.

За време на разговорите во Швајцарија минатата недела, американската делегација предводена од потпретседателот Венс се договори со Иран да воспостави „жешка линија“ меѓу американската војска и Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), воената команда на Иран, за да го координира сообраќајот во теснецот.

Разговорите закажани за утре првично требаше да се одржат во Швајцарија за да се разговара за иранската нуклеарна програма, изјави извор запознаен со разговорите.
Но по ескалацијата тие најверојатно ќе се одржат на друга локацција, а тема одново ќе биде Ормускиот Теснец.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

To top