Свет

САД ќе прераспределат војски во лојални членки на НАТО

Администрацијата на Трамп размислува за повлекување на американските трупи од земјите на НАТО кои одбија да ја поддржат кампањата против Иран

 

Можно е ова да вклучува затворање на бази, особено во Шпанија или Германија, пишува изданието, објави „Волстрит џурнал“..

Војниците стационирани таму ќе бидат префрлени во земји кои поцелосно ја поддржаа воената кампања на САД.

Тоа може да значи дека САД може да го зајакнат своето воено присуство во Полска, Романија, Литванија и Грција.

Белата куќа одби да коментира за оваа информација за „Волстрит џурнал“.

Руте: Трамп е разочаран од НАТО-членките кои „потфрлија“

Предлогот е далеку од неодамнешните закани на претседателот Трамп за целосно повлекување на САД од Северноатлантската алијанса, што според законот не може да го стори без одобрение од Конгресот.

Белата куќа го критикува НАТО поради Иран додека Трамп се среќава со шефот на алијансата, Марк Руте кој вчера пристигна во Вашингтон на средба со Доналд Трамп.

Трамп и Марк Руте од НАТО се сретнаа во Белата куќа во среда, додека војната со Иран ги доведе односите на САД со другите членки на воената алијанса до кризна точка.

„Доста е тажно што НАТО му го сврте грбот на американскиот народ во последните шест недели, кога американскиот народ ја финансира својата одбрана“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на брифинг за медиумите.

НАТО, кој ги вклучува европските земји, САД и Канада, беше формиран во 1949 година за да се спротивстави на ризикот од советски напад и оттогаш е камен-темелник на западната безбедност.

Во последните недели, Трамп постојано го нарекуваше НАТО „хартиен тигар“ кој е бескорисен во време на потреба.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

To top