Свет

САД нападнаа цели во Сирија како одмазда за убиените американски војници

Ова не е почеток на војна, ова е објава на одмазда, порача министерот за одбрана Хегсет

САД извршија голем напад во Сирија во петокот, погодувајќи повеќе цели што американската војска ги поврза со Исламска држава, објави Си-Ен-Ен.

Нападот беше одговор на неодамнешниот напад врз американските трупи во кој беа убиени двајца војници, изјавија двајца американски функционери.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, го потврди нападот по првичните протекувања на информации, велејќи дека операцијата „Око соколово“ имала цел елиминирање на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на Исламска држава.

Борбени авиони, напаѓачки хеликоптери и артилерија погодија повеќе цели во централна Сирија, изјавија американски функционери за Си-Би-Ес, а во нападот учествуваа и авиони од Јордан, објави Би-Би-Си.

Доцна во петокот, во објава на Икс, Хегсет напиша: „Ова не е почеток на војна – ова е објава на одмазда. Соединетите Држави, под претседателот Трамп, никогаш нема да се двоумат или да попуштат во одбраната на нашиот народ. Како што рековме веднаш по овој брутален напад, ако ги таргетирате Американците – каде било во светот – ќе го поминете остатокот од вашите кратки, згрчени животи знаејќи дека Соединетите Држави ќе ве ловат, ќе ве пронајдат и безмилосно ќе ве убијат. Денеска ги ловевме и убивме нашите непријатели. Многумина од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа“.

Операцијата е извршена откако Доналд Трамп вети дека ќе се одмазди за нападите минатиот викенд во Сирија од страна на наводен член на Исламската држава. Американски функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, ги опиша нападите како одговор од големи размери.

Двајца американски војници и еден цивилен преведувач беа убиени во Сирија минатата сабота во напад извршен од осомничен член на групата Исламска држава (ИСИС), кој таргетираше конвој на американски и сириски сили пред да биде убиен, соопшти американската војска тогаш.

Нападот се случи само еден месец откако Сирија објави дека потпишала договор за политичка соработка со коалицијата предводена од САД против групата Исламска држава, што се совпадна со посетата на Белата куќа од страна на сирискиот претседател Ахмед ал-Шара. Напаѓачот бил припадник на сириските безбедносни сили, изјавија претходно тројца локални претставници за Ројтерс.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top