Свет

Силен земјотрес ги погоди Турција и грчкиот остров Родос (ВИДЕО)

Според првите информации, неколку десетици луѓе се повредени во земјотресот, а загина 14-годишно девојче како последица од потресот. Снимки од силниот земјотрес што го погоди Родос во Грција во текот на ноќта, но и областа Мармарис во Турција, кружат на интернет и покажуваат многу од ужасот што ги снајде луѓето во тие региони. Земјотресот се […]

Според првите информации, неколку десетици луѓе се повредени во земјотресот, а загина 14-годишно девојче како последица од потресот.

Снимки од силниот земјотрес што го погоди Родос во Грција во текот на ноќта, но и областа Мармарис во Турција, кружат на интернет и покажуваат многу од ужасот што ги снајде луѓето во тие региони.

Земјотресот се случил во 02:17 часот по локално време, а бил со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 25 километри од Родос во Грција, а бил почувствуван во делови од Турција, Египет и Сирија.

Крајбрежниот град Мармарис во блиска Турција, исто така, беше погоден од земјотресот. Пријавени се најмалку седум лица повредени додека се обидувале во паника да ги напуштат своите домови.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top