Свет

Скапото авионско гориво ги крати летовите

Oд распоредите на авиокомпаниите се повлечени околу два милиони седишта, откажани 13.000 летови

Порастот на цените на авионското гориво, поттикнат од случувањата на Блискиот Исток, доведе до значително кратење на летовите ширум светот, при што се откажани околу 13 илјади летови во текот на месецот, објавија медиуми.

Со тоа, од распоредите на авиокомпаниите се повлечени околу два милиони седишта.

Според податоците на аналитичката компанија „Цириум“, превозниците ги прилагодуваат своите операции на новите пазарни услови, делумно преку користење помали авиони, но и со целосно откажување на одредени линии.

Најголем пад на бројот на летови е забележан на аеродромите во Истанбул и Минхен, каде што значителни намалувања направиле „Туркиш ерлајнс“ и „Луфтханза“. Германскиот авиопревозник, според извештаите, намалил околу 20 илјади летови на кратки релации.

И покрај ваквите трендови, дел од нискобуџетните авиокомпании, како „Изиџет“ и „Визер“, најавија дека ќе ги задржат летните распореди, иако се соочуваат со притисоци од зголемените трошоци за гориво.

Цената на авионското гориво значително се зголеми по воените случувања во регионот и нарушувањата во снабдувањето, вклучително и затворањето на Ормускиот Теснец.

Иако засега нема непосреден недостиг на гориво, индустријата предупредува дека продолжувањето на конфликтот може да доведе до дополнителни откажувања во текот на летото. Европските аеродроми веќе се соочуваат со намалени резерви, а неизвесноста околу испораките дополнително ја усложнува состојбата.

Според проценките, авиокомпаниите имаат доволно гориво за краток рок, но долгорочната стабилност на снабдувањето останува неизвесна. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top