Свет

Словачкиот премиер Фицо бара разрешување на Каја Калас

Европската Унија поминува низ криза каква што никогаш порано не доживеала. Само силните ќе преживеат, економски, воено или енергетски

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска побара разрешување на високата претставничка на Европската Унија за меѓународна политика, Каја Калас, оценувајќи дека Европската Унија „мора да се вразуми“.

– Европската Унија поминува низ криза каква што никогаш порано не доживеала. Само силните ќе преживеат, економски, воено или енергетски – рече Фицо.

Тој оцени дека, доколку ЕУ ги усвои пакетите санкции против Русија, тогаш требало да реагира на ист начин на постапките на Израел во Појасот Газа, наведувајќи дека ова е доказ за селективен пристап кон меѓународното право.

Тој ја повика ЕУ да престане да дејствува пасивно.

– ЕУ има доволна економска и популациска моќ за да биде глобален играч, а не само набљудувач. Или ЕУ ќе стане суперсила, или само ќе гледаме што прават другите – рече тој.

Според него, лидерите на ЕУ „знаат само дека ја мразат Русија“, но „тие не доаѓаат до свои решенија“.

Тој оцени дека некои земји сакаат да „ја ослабат Русија преку војна“, што не функционира.

– Додека сум премиер, никогаш нема да испратиме ниту еден војник во Украина – рече Фицо, додавајќи дека Словачка е подготвена да учествува во цивилни и во хуманитарни проекти.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top