Свет

Сопруга на човек до Трамп објави мапа на Гренланд со порака ,,НАСКОРО”

Дали по Венецуела на ред е Гренланд

 

Сопругата на Стивен Милер кој му е советник на претседателот на САД за  безбедност и важи за еден најмоќните луѓе од кругот на  Трамп објави мапа на Гренланд со порака ,,НАСКОРО”.

Во објавата Гренланд е обоен во боите на знамето на САД.

Објавата на Кети Милер, која може да е и иронија предизвика загриженост во Данска.

 

Амбасадорот на Данска во Вашингтон веднаш реагираше со назнака дека Данска и САД се партнери но дека Гренланд останува под владение на Копенхаген.

 

Инаку Стивен Милер е американски политички советник кој работи како заменик-шеф на кабинетот на Белата куќа за политика и советник за внатрешна безбедност од 2025 година. Претходно работел како виш советник на претседателот и директор за пишување говори од 2017 до 2021 година за време на првата администрација на Трамп. Се смета за една од највлијателните личности на администрациите на Трамп и движењето Трампизам.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top